Достапни линкови

Девет години затвор за кинескиот дисидент Чен Веј


Во Кина денеска на девет години затвор е осуден активистот за човекови парава Чен Веј поради, како што се наведува, поттикнување субверзивно однесување. Тоа е најстрога казна што кинеските власти годинава му ја изрекле на некој дисидент. Чен Веј е осуден поради четири есеи објавени на интернет. Тој беше уапсен во февруари во текот на акцијата на властите поради анонимните онлајн повици до кинезите да протестираат против режимот. 42 годишниот Чен беше во затвор и поради учеството на демонстрациите на плоштадот Тјенамен во 1989 година.
XS
SM
MD
LG