Достапни линкови

Турскиот амбасадор во Франција замина во Анкара


Турската полиција распоредена пред Францускиот конзулат во Истанбул

Турската полиција распоредена пред Францускиот конзулат во Истанбул

Турскиот амбасадор во Париз Тахсин Бурџуоглу ја напушти денеска Франција, е соопштено од амбасадата. Анкара го повика амбасадорот Бурџуоглу на консултации во врска со вчера изгласаниот нацрт закон во францускиот Парламент, со кој ќе се казнуваат лица кои не го признаваат ерменскиот геноцид. Со законот се предвидува една година затвор или парична казна од 45.000 евра доколку се негира геноцидот врз Ерменците во Османлиската империја за време на Првата светска војна. По гласањето на законот, Турција ја замрзна политичката, воената и економската соработка со Франција.
XS
SM
MD
LG