Достапни линкови

САД: нападите во Ирак нема да го спречат напредокот


Соединетите држави го осудија бранот бомбашки напади во Ирак во кои загинаа најмалку 67 луѓе и оценија дека ваквите обиди за попречување на прогресот во таа земја нема да успеат. Белата куќа соопшти дека потпретседателот Џо Бајден разговарал со ирачкиот претседател Џалал Талабани за да му ја изрази поддршката во напорите на неговата влада да ги смири секташките тензии. Се уште не е јасно кој стои зад десетината по се изгледа координирани бомбашки напади кои вчера се случија во Багад. До нив дојде по зголемените тензии меѓу ирачките сунити и шиити и по повлекувањето на последните американски борбени сили од Ирак.
XS
SM
MD
LG