Достапни линкови

Медведев предложи измени на изборните закони


Претседателот на Русија Дмитри Медведев

Претседателот на Русија Дмитри Медведев денеска му предложи на парламентот измени на изборните закони кои предвидуваат намалување на бројот на потписите неопходни за претседателските кандидати и ослободување на партиите од собирање потписи за парламентарни избори. Повеќето експерти сметаа дека овие предлози се добри но задоцнети со оглед на тоа што овој месец се одржаа избори за парламентот, а списокот на претседателски кандидати за изборите во март веќе е заокружен. Со измените се предвидува партиите за свој кандидат да собираат 100 илјади, наместо сегашните два милиона потписи.
XS
SM
MD
LG