Достапни линкови

Иванов на погребот на Вацлав Хавел


Свеќи и цвеќе во чест на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел на централниот плоштад во Прага

Свеќи и цвеќе во чест на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел на централниот плоштад во Прага

Во Прага денеска ќе биде погребан поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. На церемонијата во црквата св. Вит ќе присустваат поранешниот полски претседател и лидер на Солидарност Лех Валенса, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Меѓу државниците од целиот свет ќе биде и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
По желба на семејството Хавел ќе биде кремиран, а урната со неговите посмртни останки ќе биде поставена во семејната гробница на гробиштата Винохради во Прага.
XS
SM
MD
LG