Достапни линкови

Турција ја запира воената соработка со Франција


Турски специјалци го обезбедуваат францускиот конзултат во Истанбул, откако Франција донесе закон со кој ќе се казнува негирањето на геноцидот врз Ерменците.

Турски специјалци го обезбедуваат францускиот конзултат во Истанбул, откако Франција донесе закон со кој ќе се казнува негирањето на геноцидот врз Ерменците.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека ја запира воената соработка со Франција. На француските воени авиони им e забрането да слетуваат во Турција, а на воените бродови да се вкотвуваат во турските пристаништа. Ова е последниот чекор од низата мерки што Турција ги најави во знак на протест зашто Франција донесе закон со кој ќе се казнува негирањето дека Турција извршила геноцид врз Ерменците во Првата светска војна.

Претходно, Анкара го повлече својот амбасадор од Франција.

Долниот дом на францускиот парламент денеска го изгласа законот со кој се предвидува казна од една година затвор и 45 илјади евра доколку некој негира дека убивањето Ерменци во текот на Првата светска војна од страна на тогашниот турски режим било геноцид.
XS
SM
MD
LG