Достапни линкови

Пакистанскиот премиер стравува од пуч


Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани.

Пакистанскиот премиер Јусуф Раза Гилани.

Постои заговор за соборување на пакистанската влада пред изборите во 2013 година, изјави премиерот Јусуф Раза Гилани. Без да посочи никого, тој рече дека одредени институции се однесуваат како држава во држава и предупреди дека сите мора да се придржуваат до одлуките на Парламентот.

Тој изрази сомнеж во работата на разузнавачките служби и праша како можел убиениот лидер на Ал Каеда Осама Бин Ладен да влезе во Пакистан и да живее со години без никој да знае за тоа.
XS
SM
MD
LG