Достапни линкови

РЕК загадува, државата молчи


РЕК Битола

РЕК Битола

РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи, а надлежните за тоа молчат од разни причини, велат екологистите.

РЕК Битола е меѓу најголемите загадувачи во земјава, а податоците за влијанието на штетните гасови во неговата околина врз населението не се изнесуваат во јавноста, велат екологистите. Искра Стојковска од еколошката организација Фронт вели дека РЕК, Окта, повторно енергатски капацитети се меѓу најголемите загадувачи. Загадувањето се одразува врз здравјето на луѓето. Дури има испитувања и студии за здравјето на децата во близина на РЕК, кои се доста поразителни, но многу малку јавни, за жал.
Многу малку се зборува за згадувањето од РЕК зашто е најголемиот енергетски капацитет во земјава.


За истиот проблем, Лилјана Поповска, од зелената партија ДОМ вели:

„Се молчи веројатно поради социјалниот момент бидејќи овие индустриски капацитети се големи вработувачи и поради свесноста дека преку ноќ не може да се смени еден концепт и една технологија. Но, постојат закони кои сме ги усвоиле и рокови до 2014 година до кога мора да се прилагодат.“

Експертите велат дека се повеќе треба да се произведува струја од обновливи извори, а се помалку од
Се молчи веројатно поради социјалниот момент бидејќи овие индустриски капацитети се големи вработувачи.

фосилни ресурси, како јагленот.

„Ако се земе енергијата од јагленот во РЕК на крај како расположлива енергија добиваме само 30 проценти. Од енергијата на јагленот се губи нешто во мрежата за пренос и на крај до становите и куќите доаѓа 20 до 25 проценти како електрична енергија од вкупната расположливата енергија. Сега ние тие 20 проценти да ги користиме за греење е злосторство“, вели Ристо Цицонков од Машинскиот факултет.

Од ЕЛЕМ велат дека редовно преземаат мерки за заштита на животната средина и емисијата на гасови да биде во дозволените граници. Целосно конвертирање би чинело 150 милиони евра, а во меѓувреме заменети се котлите на блоковите со што се намалува емисијата на гасови. Ќе се изработува и физибилити студија за постројка за десулфуризација.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG