Достапни линкови

Филип Втори останува во Воена болница


Дел од тимот на Кардиохирургија Филип Втори.
Дел од тимот на Кардиохирургија Филип Втори.

Кардиохирургијата Филип Втори ќе плаќа месечна кирија од 75 илјади евра за да остане во Военатата болница. Нивниот ривал во надавањето, Рес Хумана, незадоволни од начинот на лицетирање.

Кардиохирургијата Филип Втори ќе продолжи и натаму да работи во просториите на поранешната Воена болница, но ќе плаќа месечна кирија од 75 илјади евра во наредните дваесет години. На лицитацијата, освен досегашниот закупец, учествуваше и Рес Хумана од Скопје, која го понуди најголоемиот износ.
Со ваквата состојба, се дозволи привилегиран статус на Филип Втори, без можност за следно наддавање. Брзината со која Филип Втори ја прифатија цената од 75.000 евра месечна закупнина ни дава за право да констатираме дека со овој гест Филип Втори индиректно признаа дека наддавањето се одржува во нефер услови.
Рес Хумана.

„Износот на месечната закупнина кој го нуди нашиот клиент е 75 илјади евра месечно во денарска противредност. Седумдесет и пет илјади еднаш, двапати, трипати. Комисијата утврдува дека највисоката понудена месечна сума е 75 илјади евра.“

Според правилата на надавање, кардиохирургијата Филип Втори го искористи правото како прв закупец и ја прифати цената.

„Согласно одредбите на огласот, досегашниот корисник на недвижниот имот, кој што констатиравме дека има поднесено комплетна понуда има право да се произнесе дали ја прифаќа највисоко постигнатата цена. Го молам претставникот да се произнесе.“

„Експлицитно изјавуваме дека ја прифаќаме“, рече претставникот на Филип Втори.

Клиничката болница Аџибадем Систина како дел од конзорциумот со приватната здравствена установа Рес Хумана реагираше дека формата на јавниот повик била неправдена, бидеќи тие немале можност за повторно надавање на цената.

„Со ваквата состојба, се дозволи привилегиран статус на Филип Втори, без можност за следно наддавање. Брзината со која Филип Втори ја прифатија цената од 75.000 евра месечна закупнина, ни дава за право да констатираме дека со овој гест Филип Втори индиректно признаа дека наддавањето се одржува во нефер услови“, се вели во нивното соопштение.

Според Аџибадем Систина, во изминативе 10 години, Филпи Втори не само што плаќале минимална кирија од 1.700 евра месечно, туку располагала и со медицинска опрема купена од државата.

„Во вакви услови на нелојална конкуренција и привилегирано функционирање, за 10 години Филип втори го оштети Министерството за здравство, УЈП и генерално буџетот на Македонија за 10 милиони евра, со плаќање на нереална кирија на државен простор и опрема“, е наведено во соопштението.

Според условите на огласот, Филип Втори во наредните три години ќе треба да отвори одделениие за детска кардиохирургија и ќе располага со опрема и кадар за извршување на најмалку 1.000 операциии годишно.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG