Достапни линкови

ОН жалат за затворањето узбечки активист во Киргистан


Осудениот активист, Азимжан Аскаров.

Осудениот активист, Азимжан Аскаров.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Нави Пилај, изрази „длабоко жалење“ зашто Врховниот суд на Киргистан ја потврди доживотната казна затвор за влијателниот активист за правата на Узбеците во земјата, Азимжан Аскаров. Таа рече дека е „особено загрижувачки тоа што судиите не ги разгледале тврдењата на обвинетите дека признанијата им биле извлечени под присила“.

Врховниот суд во вторникот ja потврди доживотната казна за Аскаров. Toj, заедно со уште седуммина Узбеци, е осуден за организирање на меѓуетничките судири во Киргистан во 2010 година, во кои загинаа повеќе од 400 луѓе, најмногу Узбеци.

Како претседател на организацијата за човекови права Воздух, тој ги документирал убиствата и подметнувањата пожари против Узбеците во јужен Киргистан.

Аскаров вели дека процесот е политички мотивиран и отфрла вклученост во кривичните дела за кои е осуден.
XS
SM
MD
LG