Достапни линкови

Преглед на печат - Министрите излегуваат од фрижидер


ПР стратегијата на Владата, извинувањето на Љубе Бошкоски до премиерот, социјалните субвенции - дел од темите во весниците.

Интересна тема обработува Дневник под наслов: „Популистичка или ефективна ПР стратегија - Министрите излегуваат од фрижидер“. Првите луѓе на министерствата претпочитаат да се појават на неважни настани, а бегаат од жешки теми, е генералниот став на комуниколозите и на експертите за односи со јавност. Но дали ударничкото темпо на јавните настапи е доволно за јавноста дека тие навистина ефективно работат и оти граѓаните имаат корист од нивните активности? - прашува Дневник.
Премиерот Никола Груевски пристигнува на 14-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Никола Груевски пристигнува на 14-тата годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

И Нова Македонија ја анализира ПР стратегијата на владејачката структура, поточно на премиерот: Груевски веќе смисли зборови со кои ќе напаѓа на локалните избори: весникот пресметал дека во последните говори на Груевски зборот „посветеност“ се спомнува шест пати, „верба“ - седум пати, „работа“, - десет пати и таканатаму.
Во последните говори на Груевски зборот „посветеност“ се спомнува шест пати, „верба“ - седум пати, „работа“, - десет пати.
Нова Македонија.

Нова Македонија и Утрински информираат дека Љубе Бошкоски од притвор му се извинил јавно на премиерот за клеветите и непристојностите искажани за време на предизборната кампања, а овој последниот под наслов: „Страв лозје чува“, потсетувајќи на десетината тужби против Бошковски од првите луѓе на владејачката партија, дури и од мајката на премиерот, што го чинеше неколку илјади евра глоба.

Само Утрински и Нова Македонија информираат за одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но Утрински забележува дека на собирот во спомен-куќата во родното Небрегово не дошле претставници ниту од МАНУ, ниту од Филолошкиот факултет што го носи името на великанот.

„Политичка офанзива против Јанкулоска“ ја насловува Утрински, информацијата за тоа дека скенираниот одговор на министерката од која Комисијата за следење на работата на тајните служби бараше одговор за тоа дали Бошковски бил следен за време на предизборната кампања, го добил само пратеникот од владејачката партија што предизвика претседателот на Комисијата, Тито Петковски да изјави дека опозицијата ќе поднесе интерпелација за нејзината работа.

Сите весници ја објавија одлуката на Јавното обвинителство и на обвинителот Шврговски дека само загинатите пилоти се виновни за хеликоптерската несреќа пред неколку години кај Катланово и дека не постои командна одговорност за тоа зошто пилотите биле пуштени да управуваат необучени за тој тип летало. Само Утрински на информацијата и дава критички тон, чудејќи се зошто трите експертизи на домашните комисии не беа меродавни за ваквата одлука, туку онаа на британскиот пилот.

Исто така Утрински информира дека градоначалниците од СДСМ во четирите свои општини го претставиле проектот „Социјални субвенции“ за помош на социјално загрозените семејства кон комуналните претпријатија во тие општини.

Вечер во неколку свои изданија ја третира темата дали Грција ќе се повлече од Привремената спогодба.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG