Достапни линкови

logo-print

Турција го отповика амбасадорот од Франција


Долниот дом на францускиот парламент го изгласа законот, кој предвидува казна за негирање дека Турција извршила геноцид врз Ерменците.

Долниот дом на францускиот парламент го изгласа законот, кој предвидува казна за негирање дека Турција извршила геноцид врз Ерменците.

Турција го отповика својот амбасадор во Париз во знак на протест против донесувањето закон со кој ќе се казнува негирањето дека Турција извршила геноцид врз Ерменците.

Претходно, Долниот дом на францускиот парламент го изгласа законот, кој предвидува казна од една година затвор и 45 илјади евра доколку некој одбива да признае дека убивањето Ерменци во текот на Првата светска војна од страна на тогашниот турски режим било геноцид.
XS
SM
MD
LG