Достапни линкови

И НАТО и Пакистан виновни за минатомесечниот инцидент


Анти-НАТО протест во Лахоре на 4 декември 2011 година.

Анти-НАТО протест во Лахоре на 4 декември 2011 година.

И НАТО и пакистанските сили направиле грешки што го предизвикале минатомесечниот инцидент во кој во воздушен напад на НАТО загинаа 24 пакистански војници на границата со Авганистан, покажа истрагата на НАТО.

Нападот ги затегна односите меѓу САД и Пакистан.

Според резултатите од истрагата, НАТО и авганистанските сили „легитимно одговориле во самоодбрана“, откако „неидентификувани сили“ почнале да пукаат кон нив. Војниците на НАТО наводно не знаеле дека пукаат кон пакистанските војници. Се наведува дека двете страни направиле грешки во координирањето на нивните локации и акции пред и за време на инцидентот и дека НАТО ќе преземе итни чекори за да се избегнат слични ситуации во иднина.
XS
SM
MD
LG