Достапни линкови

Борис Шпрем избран за претседател на хрватскиот Сабор


Зоран Милановиќ лидер на централно левичарската коалиција Кукурику

Зоран Милановиќ лидер на централно левичарската коалиција Кукурику

Пратеникот на Социјалдемократската партија и кандидат на владееачката Кукурику коалиција Борис Шпрем, денеска на конститутивната седница на хрватскиот Сабор, е избран за претседател на највисоката законодавна институција во Хрватска.
Седницата беше свикана на повик на претседателот Иво Јосиповиќ, на која и самиот присуствуваше, заедно со премиерот во заминување Јадранка Косор, највисоките државни, судски и академски претставници, како и претставниците на верските заедници, освен Српската православна црква.
Обраќајќи им се на пратениците и гостите, Шпрем изјави дека пратениците ке мора да бидат одговорни за непопуларните мерки што можеби ќе мора да ги донесат, бидејќи тие се нужни за напредокот на Хрватска.
XS
SM
MD
LG