Достапни линкови

logo-print

Голем број жртви во серијата експлозии во Багдад


Iraq -- A soldier stands guard near a burnt vehicle after a bomb attack in Alawi district in central Baghdad, 22Dec2011

Iraq -- A soldier stands guard near a burnt vehicle after a bomb attack in Alawi district in central Baghdad, 22Dec2011

Серија од најмалку 10 експлозии денеска одекнаа во Багдад во претежно шиитските квартови. Според Министерството за здравство при тоа најмалку 57 луѓе загинале, а над 170 се повредени. Засега не е познато кој стои зад нападите.
Овие напади се случуваат во време на политичка криза меѓу ирачките шиити и сунити и неколку дена по повлекувањето на американските трупи.
Ирачката влада претходно издаде налог за апсење на потпретседателот Тарик ал Хашеми, кој е сунит, поради наводен тероризам. Хашеми ги отфрли обиненијата а сунитската партија Ал Иракија го бојкотира Парлементот.
Ирачкиот Премиер Нури ал Малиќи пак побара од курдкките власти да го предадат ал Хашеми кој бил задржан во нивниот автономен регион во Ирак.
XS
SM
MD
LG