Достапни линкови

Претседателот Иванов ќе присуствува на погребот на Хавел


Прага

Прага

Во Прага денеска пристигнуваат странски државници за да присуствуваат на утрешниот погреб на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел. На светски познатиот дисидент и државник се очекува почест да му одадат поранешниот полски претседател и лидер на Солидарност Лех Валенса, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, американскиот државен секретар Хилари Клинтон. Хавел почина на 75 години во неделата. Меѓу државниците од целиот свет ќе биде и Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.
XS
SM
MD
LG