Достапни линкови

Зима, снег но без проблеми во Македонија


Македонско село, зима, снег.

Македонско село, зима, снег.

Од ноќеска Македонија ја зафати ладен воздушен бран кој донесе врнежи од снег во целата држава. Утре и задутре не се очекуваат врнежи од снег, а можни се во недела.
Снежните врнежи засега не предизвикуваат прекини во железничкиот и авиосообраќајот низ државава, додека патниот сообраќај се одвива забавено, со забрани за тешки товарни возила на одредени превои и патни правци.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека снежната покривка на Кожув изнесува 41 сантиметар, Маврово 34, Крушево 29, Лазарополе 27, Попова Шапка 25, Битола 23, Демир Капија 18, Кавадарци 17, Претор 16, Струмица 11, Прилеп и Берово 8, Штип 7, Куманово и Крива Паланка 5, Виница 4, Охрид 3, Тетово 2 и во Скопје околу еден сантиметар.
XS
SM
MD
LG