Достапни линкови

logo-print

Воспоставени дипломатски односи со Намибија под уставно име



Намибија е 133-тата земја која официјално го призна уставното име на Република Македонија. Република Македонија и Република Намибија вчера попладне во Њујорк воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво под уставното име на нашата држава. Амбасадорите на двете земји при Обединетите нации, Пајо Авировиќ и Вилфрид Емвула, го потпишаа Заедничкото соопштение, кое понатаму, согласно со протоколот на ОН, ќе биде дистрибуирано до сите земји членки, соопшти македонското МНР.
XS
SM
MD
LG