Достапни линкови

Времето денеска ќе биде облачно со повремен снег


Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер кој што на мoменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час.Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од минус три до три степени.
Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег и со умерен дозасилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу еден, а дневната ќе се искачи до еден степен.
XS
SM
MD
LG