Достапни линкови

logo-print

Попоски - Позитивни импликации од пресудата во Хаг


Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Шефот на дипломатијата Никола Попоски оцени дека пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која беше констатирано прекршување на Времената спогодба од страна на Грција поради попречувањето на членството во НАТО на самитот во Букурешт, е еден од најголемите успеси на МНР годинава. Тој рече дека очекува позитивни импликации од нејзиното почитување во однос на европските и евроатлантските интеграции за Македонија.

Во годишното обраќање пред собраниската Комисија за надворешни работи, Попоски рече дека очекува земјите членки на НАТО што поскоро да ги задвижат механизмите на Алијансата и да го разгледаат прашањето за зачленување на Македонија, по пресудата во Хаг.
XS
SM
MD
LG