Достапни линкови

logo-print

Снајперисти ќе ги штитат христијаните во Пакистан за Божиќ


Пакистански христијани на божиќна молитва во 2010 година.

Пакистански христијани на божиќна молитва во 2010 година.

Пакистанската полиција соопшти дека ќе распореди снајперисти и стотици полицајци околу црквите за време на Божиќ за да спречи можни напади врз христијанското малцинство. Најголем дел од малата пакситанска христијанска заедница живее во и околу градот Лахоре на истокот на земјата. Полицијата соопшти дека во тој регион има 433 цркви. Само три проценти од 174 милиони жители на Пакистан не се муслимани. Ватикан се жали дека пакистанските христијани често се жртви на насилство и дискриминација.
XS
SM
MD
LG