Достапни линкови

Врачени наградите „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


Наградените Тина Иванова-Бејков, Драган Антоновски и Предраг Димитровски.

Наградените Тина Иванова-Бејков, Драган Антоновски и Предраг Димитровски.

Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ денеска им беше врачена на добитниците во Собранието на Македонија. За остварувања во областа на публицистиката, наградата ја доби Тина Иванова-Бејков, а од областа на новинарството наградени се Драган Антоновски и Предраг Димитровски.
Тина Иванова-Бејков наградата за публицистика ја доби за книгата „Документ 103“, Драган Антоновски за емисијата „Ние“, која се емитува на телевизија Сител, додека Предраг Димитровски е автор на серија текстови посветени на Павел Шатев во весникот Дневник.
XS
SM
MD
LG