Достапни линкови

Бесими без коментар на одлуката на Шврговски за хеликоптерската несреќа


Фатмир Бесими.

Фатмир Бесими.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими изјави дека не сака да ги коментира изјавите и официјалните извештаи на Јавното обвинителство, кое вчера соопшти дека нема да поведе кривична постапка за хеликоптерската несреќа што се случи на 12 јануари 2008 година на ридот кај Катлановско Блаце, кога загинаа 11 мировници на АРМ.

Обвинителот Љупчо Шврговски рече дека истрагата покажала дека загинатите пилоти се виновни за несреќата.

Бесими денеска рече дека откако ќе добие официјален извештај, Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и другите институции во државата, ќе постапат во интерес на вистината.

Роднините на загинатите мировници се незадоволни од одлуката на Јавното обвинителство.
XS
SM
MD
LG