Достапни линкови

Претседателот Иванов додели „Медали за храброст“


Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Водно“ одликуваше повеќемина со „Медал за храброст“. Шефот на државата ги одликуваше потполковник Орце Јордев, мајор Драганчо Војнески, мајор Димче Велков, постар водник Стојче Стоилов, постар водник Зоран Ристов и водник Зоран Трајков за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во извршување на поставените задачи при екстремно тешки и опасни услови во акцијата за извлекување на загинатиот рудар од рудникот „Бучим“.

Иванов со „Медал за храброст“ го одликуваше и Сами Нуредини за покажана исклучителна храброст и пожртвуваност во спасување човечки живот при тешки и опасни услови од надојдените води на реката Вардар.

Првпат во поновата историја на самостојна Македонија на припадници на АРМ и цивили им се доделуваат медали за храброст.
XS
SM
MD
LG