Достапни линкови

Вацлав Хавел пренесен на Храдчани


Хавел останува извор на инспирација, неговто лидрство ке остане запаметено, изјави чешкиот претседател Вацлав Клаус.

Илјадници Чеси денеска ја следеа поворката со ковчегот на починатиот Вацлав Хавел, кој низ стариот дел на центарот на Прага, преку Карлов Мост, беше пренесен до прашкиот замок Храдчани, каде што ќе биде изложен во наредните два дена.

Актуелниот претседател Вацлав Калус на комеморацијата изјави дека Хавел ќе остане извор на инспирација.

„Неговите идеји, неговото лидерство ќе останат секогаш запаметени.“

Клаус потоа додаде:

„Се собравме тука во салата Владислав во Прашкиот замок каде што пред 22 години речиси на истиот ден, Вацлав Хавел беше инаугуриран за Претседател. Нема попригодно место во нашата земја за да се собереме и да се простиме од него“, изјави претседателот на Чешка Вацлав Клаус.
Во Чешка, од денеска, е тридневна жалост, а погребот на Хавел ќе биде во петок, за кога е најавено присуство на повеќемина светски државници.

Хавел беше познат драмски писател, есеист и дисидент. За време на комунизмот, неговите драми беа забранети во Чехословачка, а тој помина 5 години во затвор. Хавел ја предводеше Кадифената револуција во која беше соборен комунизмот во Чехословачка во 1989 година.

На крајот на 1989 година, само шест недели по почетокот на Кадифената револуција, Хавел стана првиот демократски избран и воедно последен претседател на Чехословачка, од 1989 до 1992. Како шеф на државата, тој ја предводеше транзицијата на земјата кон демократија и пазарна економија, како и кон мирно раздружување меѓу Чешка и Словачка. Хавел почина во неделата на 75 годишна возраст.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG