Достапни линкови

Близок соработник на Путин - нов претседател на руската Дума


Новиот спикер на руската Дума Сергеј Наришкин.

Новиот спикер на руската Дума Сергеј Наришкин.

Поранешниот шеф на кабинетот на Владимир Путин додека беше претседател на Русија, Сергеј Наришкин е избран за нов спикер на руската Дума. Неговиот избор го поддржаа 238 од 450 пратеници во Долниот дом на Парламентот, колку што освои владејачката партија Единствена Русија на изборите што се одржаа на 4 декември. Руската Дума денеска ја одржува првата седница во новиот состав, и покрај барањата на опозицијата за поништување на резултатите од изборите.
XS
SM
MD
LG