Достапни линкови

Конститутивна седница на руската Дума


Руската Дума денеска ја одржува првата седница во новиот состав, и покрај барањата на опозицијата за поништување на резултатите од парламентарните избори, што се одржаа на 4-ти декември. Седницата ја отвори најстариот пратеник во Думата, Владимир Долкин, од партијата на Владимир Путин, Обединета Русија.
Инаку, за 24-ти овој месец, опозицијата планира нови масовни протести против изборните резултати. Преку Фејсбук, своето учество веќе го најавиле околу 30 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG