Достапни линкови

logo-print

Македонка на врв на светот


Алпинистите Илина Арсова и Илија Ристовски на Хималаите

Алпинистите Илина Арсова и Илија Ристовски на Хималаите

Алпинистката Илина Арсова е првата Македонка која се искачи на еден од најголемите светски врвови, хималајскиот Ама Даблам.

Алпинистката Илина Арсова е првата Македонка која се искачи на еден од најголемите светски врвови, хималајскиот Ама Даблам (6.856 метри). Овој подвиг таа го постигна минатиот месец заедно со клупскиот колега од „Македон“ Илија Ристовски, со кого имаше долги подготовки и аклиматизација пред освојувањето на врвот во Непал. Остварувањето на целта минало без посериозни потешкотии иако таа признава дека за прв пат во својата 10 годишна алпинистичка кариера, почувствувала дека не е страшно доколку човек на половина пат се откаже од искачувањето до врвот.
Досега некако го доживува тоа поинаку. Како, ако се откажете од врвот да значи некаков пораз. Но, воопшто не е така. Планината е таму, вие сте дале се од себе, но нашата психо - физичка спремност не е пресудна во искачувањето на врвот. Планината го има завршниот збор.

„Досега некако го доживува тоа поинаку. Како, ако се откажете од врвот да значи некаков пораз. Но, воопшто не е така. Планината е таму, вие сте дале се од себе, но нашата психо - физичка спремност не е пресудна во искачувањето на врвот. Планината го има завршниот збор. Дали времето ќе биде добро, дали нема да биде добро, дали ќе има лавина или нема да има лавина. Тоа се елементи што не може да се предвидат и што треба да имаме среќа, односно планината да не сака, за да ни дозволи да стигнеме до врвот“, изјави Арсова.

Таа и Илија в четврток од 20 часот во Електро - техничкиот факултет во Скопје за сите заинтересирани и љубители на алпинизмот ќе ​ организираат фото - презентација од искачувањето на Ама Даблам,што е само еден од триесетината светски врвови на кои го развеале македонското знаме. Тоа во досегашната кариера на Арсова, која е и ски - инструктор, како и параглајдерист, и успеало и на највисокиот врв на Јужните Анди, Аконкагва (6.962 м.), потоа на десетина алпски врвови, вклучувајќи ги и највисоките - Мон Блан, Матерхорн и Брајдхорн, како и на неколку планини во Кина повисоки од 5.000 метри. Сите овие потфати говорат дека таа има сили и за уште поголеми достигнувања, па и за повторување на подвигот на Димитар Илиевски - Мурато и на Сашко Кедев, што е нејзина наредна цел.

„Станува збор за експедиција на Монт Еверест 2012 - та, што доколку биде успешна значи дека Македонија ќе си го добие својот прв женски претставник на највисокиот светски врв. Значи сега доаѓа момент кога можам да кажам конечно имаме спремен тим кој што би го веел македонското знаме на врвот на светот“, додаде Илина Арсова.

Таа се надева дека за остварување на овој подвиг од национално значење, ќе има поддршка и од институциите и од спонзорите, кои би помогнале околу подготовките, патот до Непал и освојувањето на 8.848 метри високиот Монт Еверест.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG