Достапни линкови

Нова рунда парламентарни избори во Египет


Плоштадот Тахрир во Каиро

Плоштадот Тахрир во Каиро

Денеска во Египет ќе биде одржана уште една рунда од првите парламентарни избори по соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак. На изборната трка во третина од египетските провинции, ќе се соочат кандидатите на двете најголеми исламистички партии.
Гласањето се одржува во екот на новите протести на плоштадот Тахрир во Каиро, каде што најмалку 14 демонстранти беа убиени во последните неколку дена. Безбедносните сили се обвинуваат за прекумерна употреба на сила против демонстрантите, кои бараат привремените воени власти веднаш да се повлечат.
XS
SM
MD
LG