Достапни линкови

logo-print

Уапсени организаторите на немирите на преминот Јариње


Звонко Веселиновиќ

Звонко Веселиновиќ

Браќата Звонко и Жарко Веселиновиќ од Косовска Митровица, кои неодамна од КФОР беа посочени како главни организатори на немирите на граничниот премин Јариње од септември годинава, биле уапсени вчера во околината на Копаоник во Србија поради учество во криминални активности. Според полициски извори, двајцата браќа се наоѓаат во притвор во Краљево.
Медиумите претходно пишуваа дека Звонко Веселиновиќ се занимавал со шверц на нафта и оти бил на платниот список на Поштата на Косово. Портпаролот на КФОР Уве Новицки изјави дека се задоволни поради апсењето на двајцата браќа, но оти не сака да го коментира овој настан.
XS
SM
MD
LG