Достапни линкови

САД ги зајакнуваат санкциите против Белорусија


Зградата на американскиот Конгрес

Зградата на американскиот Конгрес

Двата дома на американскиот Конгрес го одобрија предлог законот кој предвидува зајакнување на санкциите спрема Белорусија поради пресметката со демонстрантите по минатогодишните претседателски избори на кои повторно беше избран Александар Лукашенко. Овој акт ќе ги зајакне и прошири мерките содржани во слични закони донесени во 2004 и 2006 година.
Се очекува претседателот Барак Обама да го потпише предлог законот, со што тој би стапил во сила.
XS
SM
MD
LG