Достапни линкови

Доживотен затвор за узбечки активист во Киргистан


Осудениот Азимжан Аскаров.

Осудениот Азимжан Аскаров.

Врховниот суд на Киргистан ја потврди доживотната затворска казна за истакнатиот активист за правата на Узбеците Азимжан Аскаров, осуден поради минатогодишните крвави меѓуетнички судири. Судот одлучи дека неговата вина е докажана во истрагата и во судскиот процес и оти казната не може да биде преиначена.

Сепак, Врховниот суд ја намали казната на една од обвинетите во истиот процес, Минура Мамадалиева, од 20 на 11 години затвор.

Адвокатот на Аскаров изјави дека одлуката на судот е непринципиелна.

Аскаров, заедно со уште седуммина Узбеци, е осуден за организирање на меѓуетничките судири во Киргистан во 2010 година, во кои загинаа повеќе од 400 луѓе, најмногу Узбеци.

Како претседател на организацијата за човекови права Воздух, тој ги документирал убиствата и подметнувањата пожари против Узбеците во јужен Киргистан. Аскаров вели дека процесот е политички мотивиран и отфрла вклученост во кривичните дела за кои е осуден.
XS
SM
MD
LG