Достапни линкови

Вицепремиерката Теута Арифи во посета на Обединетите нации


Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, во рамки на посетата на САД, престојуваше во Обединетите нации каде се сретна со заменикот постојан претставник на САД при ОН, Розмари ди Карло.

За време на средбата, информира Секретаријатот за европски прашања, се разговараше за состојбите во регионот и за евроатлантските перспективи на земјите од Западен Балкан.

„Во текот на разговорот акцент беше ставен и на интеграцијата на нашата земја во Европската унија и НАТО. Во тој контекст беше истакната улогата и важноста на Република Македонија за стабилноста на целиот регион“, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
XS
SM
MD
LG