Достапни линкови

Ховит итно бара датум за преговори за Македонија


Известувачот за Македонија на Европскиот парламент Ричард Ховит.

На Македонија да и се одобри датум за почеток на преговори со Европската унија итно, без одолговлекување, без двоумење и без дополнителни квалификации, изјави за МИА известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит.
Тој ова го побара и од своите колеги, презентирајќи го Извештајот за напредокот на Македонија на Комисијата за надворешни работи на ЕП во Брисел.
Ховит рече дека официјално го променува својот став во однос на употребата на придавката „македонски“ со целосно почитување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската традиција.
XS
SM
MD
LG