Достапни линкови

Потпретседателот на Ирак обвинет за тероризам


Потпретседателот на Ирак Тарек ал-Хашеми.

Потпретседателот на Ирак Тарек ал-Хашеми.

Потпретседателот на Ирак Тарек ал-Хашеми, кој воедно е и највисоко рангиран сунитски функционер во земјата, ги отфрли обвиненијата дека наводно наредувал убиства на владини претставници. Тој рече дека не направил никаков „грев“ против Ирак и дека обвиненијата против него се „фабрикувани“.

Министерството за внатрешни работи вчера издаде налог за апсење на ал-Хашеми под обвиненија за тероризам, откако уапсени терористи ја признале својата поврзаност со него. На потпретседателот му е забрането да ја напушти земјата. Тој се наоаѓа во полуавтономниот курдски регион на северот на земјата.

САД изразија загриженост за развојот на настаните во Ирак, ден откако американската армија целосно се повлече од земјата.
XS
SM
MD
LG