Достапни линкови

Немцов ги озборувал колегите од руската опозиција


Рускиот опозициски лидер Борис Немцов.

Рускиот опозициски лидер Борис Немцов.

Рускиот опозициски лидер Борис Немцов го обвини Кремљ дека стои зад објавувањето телефонски разговори во кои тој навредува други опозиционери.

Интернет портал близок до владата, во понеделникот објави снимени телефонски разговори на кои се слуша како Немцов дава поценувачки забелешки за другите опозициски лидери и за поддржувачите на опозицијата.

Немцов се извини за дел од забелешките. Неговата партија смета дека објавувањето на разговорите има за цел да ги попречи плановите за голем опозициски протест поради изборните нерегуларности закажан за 14 декември. Неговата портпаролка изјави дека тој размислува да покрене правна постапка за прислушкување на неговиот телефон.
XS
SM
MD
LG