Достапни линкови

Шврговски - Пилотите виновни за хеликоптерската несреќа кај Катланово


Илустрација: Хеликоптер на АРМ.

Илустрација: Хеликоптер на АРМ.

Јавното обвинителство нема да поведе кривична постапка за хеликоптерската несреќа што се случи на 12 јануари 2008 година на ридот кај Катлановско Блаце, кога загинаа 11 мировници на АРМ. Како што рече државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, единствена причина за падот на армискиот хеликоптер МИ-17 е необученоста на пилотите за управување во сложени временски услови. Ова било потврдено и во Извештајот подготвен од британскиот воздухопловен експерт Едвард Пули на барање на македонското Јавно обвинителство.
XS
SM
MD
LG