Достапни линкови

„Задолжницата“ ќе воведува ред во стопанството


Милијарди евра си должат македонските фирми меѓу себе, велат од Сојузот на стопански комори. Експертите поделени околу ефектот на воведување „задолжница“.

Ако до вчера, фирмата на која и должат мораше да си го наплати својот долг по судски пат, во иднина тоа ќе може да го прави на побрз и поедноставен начин. „Задолжницата“ ќе овозможи фирмите меѓусебно да се обврзат да си ги наплатат долговите, а со неа би се избегнал судот и би се одело на директно извршување на наплатата, велат од Сојузот на стопански комори. Предлогот да се воведе ваков инструмент, ќе ја намали високата неликвидност на стопанството, објаснува Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
Ние сметавме дека ако се зголеми дисциплината на плаќање на некој начин да се воведе некој инструмент во кој компаниите меѓусебно ќе си го гарантираат плаќањето и инструментот ќе биде завршен без да учество на судот.

„Ние сметавме дека ако се зголеми дисциплината на плаќање на некој начин да се воведе некој инструмент во кој компаниите меѓусебно ќе си го гарантираат плаќањето и инструментот ќе биде завршен без да учество на судот. Значи однапред компаниите доброволно ќе се согласат тој инструмент да биде извршен.“

Во моментот се изработува закон за воведување на задолжницата, која од Сојузот очекуваат да даде само позитивни ефекти врз економијата. Иако е невозможно да се утврди колку си должат македонските фирми меѓу себе, Чекреџи вели дека најверојатно се работи за сума од милијарди евра.
Владата да не се задолжува од домашни извори, туку од странство за да останат повеќе пари за фирмите во Македонија, бара Стопанската комора.

Владата да не се задолжува од домашни извори, туку од странство за да останат повеќе пари за фирмите во Македонија, бара Стопанската комора.


Економските аналитичари, пак, се поделени во мислењата дека задолжницата би ја подобрила ликвидноста на македонското стопанство. За разлика од некои кои сметаат дека мултиплицирањето на законски хартии од вредност нема ништо да направи и оти пазарот е тој што треба да го реши проблемот со ликвидноста, професорката Марија Зарезанкова Потевска го поздравува воведувањето на овој механизам на наплата.
Во нашиот деловен свет па и вооопшто кај населението е изгубена довербата на луѓето во институциите. Луѓето не веруваат во ништо. Се прашуваат како ќе биде тоа, дали ќе биде.

„Претпријатие кое многу дало стока не може да си ја наплати, сега на овој начин ја наплаќа, дали пак во стока или во пари или пак во други побарувања од трети лица и така натаму, значи полека се расчистуваат нивните односи, значи имаат појасна престава за она што должат а што добиле и така ќе можат полесно да работат.“

Сепак, Потевска се сомнева дека задолжницата ќе функционира беспрекорно, пред се поради големата недоверба на луѓето во институциите на системот.

„Во нашиот деловен, свет па и вооопшто кај населението, е изгубена довербата на луѓето во институциите. Луѓето не веруваат во ништо. Се прашуваат како ќе биде тоа, дали ќе биде.“

Според експертите, високата неликвидност на стопанството ја предизвикале рестриктивната монетарна политика на државата, доцнењето на владата со наплатата на долговите кон приватните фирми, како и бавното судство што не овозможува фирмите преку судски пат за кратко време да си ги наплатат долговите. Сојузот на стопански комори бара од Владата да не се задолжува од домашни извори, туку од странство за да останат повеќе пари за фирмите во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG