Достапни линкови

Лидија Димова - Владата не сака во ЕУ


Лидија Димова, извршен директор на невладината организација Македонски центар за европско образование.

Лидија Димова, извршен директор на невладината организација Македонски центар за европско образование.

Владата нема апсолутно никакви намери да се приклучи на ЕУ. Ако почнеме преговори ќе имаме информации, а кога имате информации тогаш ќе знаете и како работи владата, вели Лидија Димова, директор на Македонскиот центар за европско образование.

Се проценува дека Македонија има слаба искористеност на европските фондови, на што се должи тоа?
владата нема ама апсолутно никакви намери во ЕУ да се приклучи. Од она што после 6 години може слободно да го заклучиме е дека владата сака да биде дел од НАТО, тоа е повеќе од очигледно и тука е јасно зошто, затоа што ако почнеме ние преговори со ЕУ полека, но сигурно нас општеството ќе ни се уредува.

Мислам дека ако треба вака да ги рангираме проблемите, проблемот број 1 на што се должи тоа е имаме многу низок капацитет на јавната администрација. Затоа што европските фондови подразбираат програмирање, не е тоа само проекти пишување како што обично милува владата да каже, туку е цел еден процес на програмирање. Тој што ја програмира мора да знае дека проектот што во тој момент го смислува ќе се троши во 2013-та, во 2014-та. Значи вие треба од денеска да предвидите кои ќе бидат проблемите во 2013, 2014-та затоа што парите не се пренаменуваат. И тука кај нас е најчесто проблемот. Ние кога ги програмираме, ги програмираме според проблемите кои денеска ги имаме, се влечеме надолу поради лошиот капацитет на јавната администрација. Мислам се знае зошто е лош, зошто е партиски. Значи постојано ќе се менуваат процедурите на ЕУ, постојано ќе се подобруваат и вие постојано треба да учите, за жал тие што таму се вработувааат едно се партиски, второ се неамбициозни, немаат намера да учат, и кога одат на симинари се појавуваат рано насабајле на првата сесија и потоа одат на шопинг, значи воопшто не се заинтересирани, веројатно сите себе си се гледаат како идни министри. Не знам што им е работата, но не се работи на делот на парите.

Сепак, во јавната администрација постои превработеност. Некој би очекувал дека од толку примени луѓе ќе се погоди барем еден што ги знае овие програми.

Јас мислам дека тука е многу јасен одговорот. Одговорот е затоа што владата нема ама апсолутно никакви намери во ЕУ да се приклучи. Од она што после 6 години може слободно да го заклучиме е дека владата сака да биде дел од НАТО, тоа е повеќе од очигледно и тука е јасно зошто, затоа што ако почнеме ние преговори со ЕУ полека, но сигурно нас општеството ќе ни се уредува, полека но сигурно ќе имаме контрола ако не на друго, на информациите, значи ќе имаме информации, а кога имате информации тогаш ќе знаете и како работи владата, тогаш ќе знаете и поинаку да се справите и исто така ќе има некакви процедури според кои што ќе се трошат буџетските пари. Тоа подразбира дека проектите од Скопје 2014-та никогаш нема да ни се случуваат.

Во јавноста се создава впечаток дека пресудата во Хашкиот трибунал е некаков вид на победа. Дали може да се интерпретира оваа пресуда како било каков одлучувачки фактор за македонската евроатланска интеграција.

Вака, дека е некаква победа е некаква победа. Факт е дека успеавме нешто да докажеме. Прашањето е дали тоа ни е исплати, дали ни требаше и што постигнавме со оваа мала победа, морална победа, исклучиво е морална победата. Ама мислам дека одговорот на ова прашање не можеме да го дадеме. За да го дадеме одговорот на ова прашање прво треба да знаеме колку пари не чинеше тужењето во Хаг, значи колку ги плативме тие силни адвокати Американци кои не застапуваа, второ треба да го пресметаме опортунентниот трошок, значи ако ние во 2008 прифатевме привремено решение на името и влезевме и што тогаш ќе се случеше, колку инвестиции ќе влезеа во државата. И тоа да го споредиме со парите што ги потрошивме за таа морална победа за да знаеме колку реално не чини таа. Знаеме од сега дека таа морална победа не чини 55 милиони евра од грчкиот план за обнова на Балканот, односно нашето инсистирање коридорот 10 да се вика Александар Македонски, ние ги изгубивме грките пари за кои владата упорно не убедуваше дека се европски пари, напротив беа грчки пари. Ние сакавме со парите на Грција да го прекрстиме коридорот 10 во Александар Македонски и на крај кога Грција ги повлече парите тие 55 милиони евра за кои патем беа залепени уште 27 милиони од трета компоненета ИПА, значи кога ги повлече тие пари, одеднаш владата излезе со дезинформација дека Грција прави влијание во ЕУ и нас ни се замрзнати тие пари, што е далеку од вистината на таа приказна.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG