Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја и натаму под династијата Ким


Ким Џонг Ун, 20.12.2011

Ким Џонг Ун, 20.12.2011

Првата комунистичка династија во светот продолжува, светот загрижен од непромислени потези.

Со смртта на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ил станува јасно дека неговиот трет и најмлад син ќе ја наследи власта во сталинистичката земја која поседува нуклеарно оружје. Сепак, не се исклучуваат ни претпоставките дека тоа нема да биде лесно. Како и да е, власта нема да оди подалеку од семејството Ким.

Севернокорејската државна новинска агенција веќе го нарече „големиот наследник на исклучителниот лидер на нашата партија, армија и народ“. Но, се отвораат прашања околу тоа колкав е авторитетот на помладиот Ким со оглед на фактот дека станува збор човек кој нема наполнето триесет години, односно дека немало време доволно да се подготви за функцијата.
Династијата Ким, - Ил Сунг, Џонг Ил, Џонг Ун

Династијата Ким, - Ил Сунг, Џонг Ил, Џонг Ун


„Трансферот на власта се одвива веќе неколку години, односно откако се разболе Ким Џонг Ил. Но, на неговиот разгален син, според мене, му недостига политичка волја како што ја имаше неговиот татко“, вели експертот за Северна Кореја Роберт Вард.
Трансферот на власта се одвива веќе неколку години, односно откако се разболе Ким Џонг Ил. Но, на неговиот разгален син, според мене, му недостига политичка волја како што ја имаше неговиот татко.

Постојат малку податоци за Ким Џонг Ун. Неговата мајка и третта сопруга на Ким Џонг Ил била танцувачка. Според извештаите, тој се образувал под лажно име во Швајцарија се до 1998 година. Има наводи дека на 15 години го напуштил училиштето без да го заврши. Неговите сооченици го опишуваат како срамежливо момче кое сакало кошарка и скијање. По враќањето во Пјонгјанг тој учел на Воена академија. Неговиот татко за прв пат го посочи како наследник во 2009 година, а лани тој беше унапреден во генерал и доби поголема партиска функција. И самиот Ким Џонг Ил го наследи неговиот татко Ким Ил Сунг, основачот на Северна Кореја кој умре во 1994 година и со тоа ја создаде првата комунистичка династија во светот.

„Минатата година беше период во кој Ким Џонг Ил му помогна на својот син што е можно побргу да ја консолидира моќта. Критичен фактор е дали во Северна Кореја постои алтернативна личност која може да го замени Ким Џонг Ун“, Телото на починатиот Ким Џонг Ил, Пјонг Јанг 20.12.11

Телото на починатиот Ким Џонг Ил, Пјонг Јанг 20.12.11

Наведува Хаксун Паик, јужнокорејски аналитичар, додавајќи дека во игра се уште и тетка му, односно сестрата на починатиот Ким Џонг Ил и нејзиниот сопруг. Таа беше унапредена во генерал во исто време со нејзиниот внук. Смртта на Ким Џонг Ил ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница за натамошниот развој на настаните на Далечниот Исток. Вард смета дека би можело да претстојат провокативни потези од страна на Пјонгјанг со цел да го одвлечат вниманието од внатрешната нестабилност.

Тоа е она што тие го прават. Она од што сите се уплашени е нуклеарното и хемиско оружје, како и големата армија. Тие ги покажуваат овие мускули секогаш кога работите ќе тргнат наопаку или пак кога сакаат светот да ги забележи. Неизвесноста околу контролата на власта може да доведе и до такви потези.

Вели Вард. Северна Кореа ја изведе својата прва нуклеарна проба во 2006 година, а пред три години и втората.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG