Достапни линкови

Седница на чешкиот парламент во чест на Вацлав Хавел


Илјадници чеси му оддават почит на Вацлав Хавел

Илјадници чеси му оддават почит на Вацлав Хавел

Чешкиот парламент денеска на специјална седница ќе му оддаде почит на Вацлав Хавел кој во неделата почина на 75 годишна возраст. Хавел беше лидер на Кадифената револуција во 1989 година со која заврши неколкудецениското комунистичко владење во земјата. Тој потоа беше избран за претседател на Чехословачка, а од 1993 до 2003 година и за прв претседател на Чешката Република. Илјадници чеси му оддават почит пред ковчегот изложен во Прага. Од утре до петок за кога е предвиден погребот во Чешка се прогласени за денови на жалост.
XS
SM
MD
LG