Достапни линкови

Русија бара истрага за акцијата на НАТО во Либија


Русија бара од НАТО да спроведе истрага за цивилните жртви од бомбардирањата во Либија, аргументирајки дека тврдењата дека немало ниту една цивилна жртва од бомбардирањата на алијансата се невистинити. Рускиот амбасадор во Обединетите нации Витали Чуркин рече дека од НАТО бил побаран конечно дефиниран извештај во кој би се резимирале активностите на Алијансата во Либија, но наместо тоа биле понудени “ делумни, површни извештаи”. Чуркин рече дека прашањето за цивилни жртви ќе биде покренато на седницата на Советот за безбедност во вторник, кога ќе се дискутира за Либија.
XS
SM
MD
LG