Достапни линкови

logo-print

Вашингтон мора да „го смени наративот“ кон централноазиските земји


Ашкабат, главен град на Туркменистан.

Ашкабат, главен град на Туркменистан.

Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат соопштува дека Вашингтон мора да „направи баланс меѓу краткорочните интереси за кои е неопходно војување и долгорочните интереси за создавање стабилна, просперитетна и демократска Централна Азија“. Во извештајот на Комитетот се наведува дека Вашингтон мора да „го смени наративот“ да ги убеди централноазиските земји дека повлекувањето на американските војници од Авганистан во 2014 година нема да значи и „напуштање“. Владите во регионот се плашат дека повлекувањето на американската армија ќе го зголеми шверцот со дрога и ќе остави безбедносен вакуум за екстремистички организации.
XS
SM
MD
LG