Достапни линкови

Новинарството на колена


Слобода на говор, илустрација

Слобода на говор, илустрација

Годинава ќе биде запаметена по затворањето на неколку медиуми, по стотиците новинари кои останаа без работа, видливо сменетата уредувачка ориентација.

„Никогаш полошо“ е оценката за состојбата со слободата на говор во изминатава година на невладината организација Цивил Медиа. На денешната панел дискусија претставниците на невладините организаци и дел од новинарските организации констатираа дека слободата на говорот е под серизона закана и од ден на ден се влошува.
Се сеќавам дека во 92 или 93-та беше, тогаш работев во неделникот Пулс, во Нова Македонија тогашниот директор Панде Колемишевски именуваше нов главен уредник. Редакцијата во Пулс пружи неверојатно силен отпор, така што и тој моќен Панде Колемишевски мораше да ја повлече својата одлука. Тоа беше пред 20 години, а тоа денеска не го гледам.

„Ова неотуѓиво човеково право на груб начин се рефлектира преку контролата врз медиумите од страна на центрите на политичка и финансиска моќ, притисокот врз новинарите е евидентен, а уредувачките политики се креираат во кабинети, а не во редакција каде што им е местото, сето тоа има сериозно и негативно влијание врз владењето на правото, но и врз развојот на земјата“, вели Џабир Дерала, програмски директор на невладината Цивил.

Основаната оценка е дека медиумите се под контрола или под силно влијание на власта како и под бизнис сферата поврзана со политика, а таквите состојби директно влијаат врз слободата на говорот и слободниот проток на инфомации. За лошата состојба во медиумите алармираше и меѓународната заедница.

„Но властите останаа сосема глуви Министерот за надворешни работи Никола Попоски и преставничката за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и преставничката за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ

на оценките на ЕУ, на Европскиот парламент, ОБСЕ, Фридом Хаус, СЕЕМО и други, како тие да се однесуваат на некоја друга држава. Со ова, власта само се потврди како апсолутистички режим кој воспоставил цврста контрола врз медиумите“, вели Ристо Поповски, основач на новинската агенција Макфакс.

На ова се надоврзува Ѕвездан Георгиевски од Глобус, кој, потсетувајќи се на својата триеседгодишна кариера,
Она што мене посебно ме загрижува е дека медиумите не даваат отпор кон политичките притисоци, дали се работи за моќта на политиката и политичарите, дали се работи за страв или за збунетост и конфузија којашто, се разбира под тие притисоци нормално дека се јавува, но медиумите не пружаат отпор.

вели дека пред 20 години имало повеќе отпор против политиката отколку сега.

„Се сеќавам дека во 92 или 93-та беше, тогаш работев во неделникот Пулс, во Нова Македонија тогашниот директор Панде Колемишевски именуваше нов главен уредник. Редакцијата во Пулс пружи неверојатно силен отпор, така што и тој моќен Панде Колемишевски мораше да ја повлече својата одлука. Тоа беше пред 20 години, а тоа денеска не го гледам.“

Тој додава дека оние медиуми кои не се под капа на власта едноставно се бојкотирани и немаат вистински пристап до информациите.

„Вие не можете да дадете целосна информација, до ден денешен не знаете кој е на пример идејниот автор и архитект на Скопје 2014-та, не знаете точно колку пари и каде се потроешни без оглед на сите закони за достапност на информации.“

Претседателот на Советот за Радиодифузија Зоран Стефаноски вели дека и регулаторното тело ја изгуби својата независност со вметнувањето на новите 6 члена диригирани од центрите на политичка моќ.

„И кога ќе ги додадеме и тројцата членови кои што претходно беа избрани во Собранието, значи политиката во „независното “ регулаторно тело Совет за радиодифузија е присутна со некои 60 проценти и тоа е крај на незвисноста на телото и неговите ингренции да се бори со проблемите на медиумите. Она што мене посебно ме загрижува е дека медиумите не даваат отпор кон политичките притисоци, дали се работи за моќта на политиката и политичарите, дали се работи за страв или за збунетост и конфузија којашто, се разбира под тие притисоци нормално дека се јавува, но медиумите не пружаат отпор. “

Стефаноски истакнува дека присуството на парите од владиниот буџет во медиумите преку владините рекламни кампањи претставува директно влијание врз уредувачката политика на секој медиум.

Љубомир Костовски од неделникот Глобус вели дека има пари за медиумите, од реклами на приватни фирми може да се живее, но тие се најчесто рекетирани.

„Значи ние сме разговарале со луѓе, затоа што и ние сме пропаѓале, не интересирала причината зошто не даваат и кај нас реклама и луѓето отворено зборуваат. Тие се рекетирани. Значи даваат месечен паушал во тие фирми, а може и тој месец да немаат реклама, они ќе им кажеле кога било време да се рекламираат. Мислам тоа една ситуација на класичен рекет и од тоа не можеме да побегнеме, така функционираат медиумите кај нас. Тие што се „добри “ медиуми ќе добијат нешто, тие што се „лоши“ нема да добијат.“

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми смета дека лошата состојба во медиумите и новинарството ја тера публиката да бара нови извори на информирање.

„Со тек на времето ќе почне полека да се филтрира преку новите уредници што ќе ги избере публиката, значи оние кои што се најследени и најчитани на Фејсбук, на Твитер на други социјални мрежи, оние чии што блогови и веб-страници се посетувани и кликани, тие ќе бидат новите селектори на содржината на коишто публиката ќе им верува.“

Во последниот извештај на Фридом Хаус, состојбата со медиумите е оценета како делумно слободна. Во извештајот се наведува дека владата преку реклами им дава финансика поддршка на медиумите кои и се лојални, и дека новинарите во основа се слабо платени, со нерегулиран правен статус и работни односи како и притисок врз нивната работа од страна на сопствениците.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG