Достапни линкови

Руските железници купуваат германски брзи возови


Руските железници ќе купат осум брзи возови од германската компанија Сименс за 387 милиони долари. Договорот предвидува, Сименс да ги одржува возовите со што вкупната цена на зделката ќе достигне околу 780 милиони долари. Првите возови треба да стигнат во Русија на почетокот на 2014 година, навреме за Олимпијадата што се одржува во Сочи.
XS
SM
MD
LG