Достапни линкови

Одбележана 90-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.


Блаже Конески.

Блаже Конески.

Во Македонската академија на науките и уметностите денеска се одржа свечен собир по повод 90-годишнината од раѓањето на првиот претседател на оваа институција, Блаже Конески.

Конески е роден на 19 декември 1921 година во Небрегово, Прилепско, а почина на 7 декември 1993 година во Скопје. Тој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и универзитетски професор.
XS
SM
MD
LG