Достапни линкови

Опозицијата ќе поднесе интерпелација за Јанкулоска


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Интерпелација за министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе поднесе пратеничката група на НСДП, соопшти денеска пратеникот и лидер на партијата Тито Петковски. Како причина интерпелацијата, Петковски го наведува недоаѓањето на министерката на седниците на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите од страна на МВР и на Министерството за одбрана и одговорите на барањата за надзор врз материјалите за случајот „Кампања“.

Иницијативата на Петковски ја поддржа и СДСМ. Партиската потпретседателка Ана Павловска Данева рече дека Јанкулоска одбила Комисијата да изврши надзор врз материјалите од посебните истражни мерки за случајот со Љубе Бошкоски.
XS
SM
MD
LG