Достапни линкови

Протести против полицијата во Казахстан


Протести во Актау, главен град на регионот Мангистау во југозападен Казахстан.

Протести во Актау, главен град на регионот Мангистау во југозападен Казахстан.

Околу две илјади луѓе протестираат во регионот Мангистау во југозападен Казахстан, по минатонеделните крвави протести меѓу полицијата и демонстрантите во овој богат со нафта регион. Дописникот на Радио Слободна Европа од Актау, главен град на регионот, јави дека демонстрантите бараат од власта да ги повлече специјалните сили надвор од градот Жанаозен, да го укине полицискиот час и полицијата да не употребува оружје против демонстрантите.

Најмалку 14 луѓе загинаа, а околу 80 се повредени во судирите што во петокот во Жанаозен избија меѓу полицијата и штрајкувачите од нафтената индустрија. Еден човек загина вчера во насилствата во селото Шетпе.

Казахтанскиот министер за надворешни работи Јержан Казиханов изјави дека полицијата користела оружје во самоодбрана.

Работниците од нафтената индустрија во Жанаозен штрајкуваат од мај барајќи повисоки плати и подобри услови за работа, но властите велат дека последните протести не биле поврзани со синдикални прашања.
XS
SM
MD
LG