Достапни линкови

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува


Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден, односно 1,5 денар по литар, а дизел горивата поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за еден денар и ќе изнесува 76 денари, додека Еуросупер БС-98 поскапува за 1,5 денари и ќе се продава за 78 денари за литар. Новата цена на Еуродизелот ќе изнесува 69,50 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 58,50 денари за литар.
XS
SM
MD
LG