Достапни линкови

logo-print

Ѓорге Иванов - Хавел беше инспирација за борците за човекови права


Чешкиот претседател Вацлав Клаус се потпишува во книгата на жалост за починатиот претседател Вацлав Хавел.

Чешкиот претседател Вацлав Клаус се потпишува во книгата на жалост за починатиот претседател Вацлав Хавел.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска испрати писмо со сочувство до неговиот чешки колега Вацлав Клаус, по повод смртта на поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.

„Вацлав Хавел како борец против тоталитарната идеологија се стекна со голем углед и почит меѓу сите слободољубиви народи на Европа. Свесен за неправдите на тогашниот режим, Хавел го посвети својот живот на неговото уривање и ја имаше среќата да го види своето животно дело остварено. Меѓу бројните награди со кои беше почестен, веројатно најзначајната е сознанието дека милиони луѓе во Европа денес живеат во слобода, во демократија. Затоа, не случајно, денес, демократските движења низ светот своите идеали и инспирација ги влечат од периодот на Прашката пролет, во херојската борба на граѓаните на тогашна Чехословачка, за слобода и демократија“, вели во писмото Иванов.

Вацлав Хавел, потенцира македонскиот претседател, беше инспирација и пример за многу дисиденти, борци за човекови права во Европа, вклучително и во Македонија.
XS
SM
MD
LG